САД воведоа санкции кон иранска компанија и десетмина поединци поради наводни кибер напади, меѓу другото, и на стотици универзитети.
Како што јави Би-Си-Си, институтот „Мабна“ е обвинет за кражба на 31 терабајти „вредна интелектуална сопственост и податоци“.
Американското Министерство за правда соошти дека институтот хакирал 320 унивезитети ширум светот, десетици компании и делови на американската Влада. Девет од десетте лица под санкции се обвинети за кривични дела. Меѓу санкционираните се и двајцата основачи на институтот.
– Тие се сметаат за бегалци од правдата – изјави заменикот на американскиот главен обвинител Род Росенстеин.
Доколку бидат уапсени во повеќе од 100 држави, можат да бидат екстрадирани во САД.
САД сметаат дека Институтот „Мабна“ е основан во 2013 година за да им помогне на иранските организации да „крадат информации“.
Меѓу државите кои биле цел на нападите се Велика Британија, Германија, Канада, Израел и Јапонија. Нападнати биле околу 100.000 електронски пошти на професори ширум светот, од кои се хакирани повеќе од 8.000.
Американските власти ова го сметаат за еден од најголемите хакерски напади спонзориран од држава.