Амерканскиот амбасадор во Приштина, Грег Делави упати апел до пратениците во косовскиот Парламент денеска да го ратификуваат Договорот за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора.
Делави на Твитер напиша дека извештаите во Косово покажуваат оти младите сака намалување на невработеноста и визна либерализација.
– Пратениците во Парламентот на Косово треба да гласаат за Договорот за демаркација и да покажат дека ја слушаат сериозната загриженост, наведе Делави.
Пред денешната попладневна седница на косовскиот законодавен дом, на која на дневен ред е договорот, апел за негова ратификација упати и првиот вицепремиер и шеф на дипломатијата Беџет Пацоли.
– Кому Косово и интересите на народот му се светост, да гласа за демаркацијата. Никој, па ни Црна Гора, земја пријател и членка на НАТО, не може да биде закана за територијата на Косово. Секоја неправда, доколку се случила ќе се корегира, порача Пацоли.
Тој побара „Косово да не зависи од соседните земји за работи од нацонален интерес“.