САД беа информирани за посетата на Ким на Кина

214
20150911 Friday 1354 americka ambasada amerikanska ambasada

Кинеската Влада го контактираше Вашингтон за да ги извести американските претставници за посетата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на Пекинг, соопшти Белата куќа.

– Брифингот вклучуваше и лична порака на претседателот Си до претседателот Трамп – изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

Но, таа не наведе детали од пораката.

– САД се во контакт со Јужна Кореја и со Јапонија и најновиот развој на настани се набљудува како уште еден доказ дека нашата кампања за максимален пристисок создава соодветна клима за дијалог со Северна Кореја – посочи Сандерс.

Ким беше во тридневна неофицијална посета на Кина на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг. Тоа беше прва посета на севернокорејскиот лидер на странска земја од стапувањето на должност во 2011 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...