Американски инструктори подготвуваат групи од сириски бунтовници да извршуваат напади со хемиско оружје, изјави на брифинг заменик началникот на рускиот Генералштаб, генерал-полковник Сергеј Рудској.
Тој истакна дека Русија е загрижена и од сознанијата дека е можно САД да подготвуваат ракетни напади врз Сирија.
– Имаме докази дека американски инструктори во реонот на градот Танфа подготвуваат неколку групи борци за извршување напади со употреба на хемиско оружје – нагласи Рудској.
Рускиот генерал обрна внимание дека хуманитарните конвои во Јужна Сирија се користат за доставување на токсични супстанци.
– Постојат сознанија за подготовка на можни напади од море. Во источниот дел на Средоземно Море, Персискиот залив и Црвено Море се поставени ударни групи од носачи на авиони со „крилести“ ракети, додаде Рудској.