Русинките се разголеа за да го убедат народот да гласа

401

Провокативна фотографија од сопругата на регионален политичар, опкружена со голи модели, е најновиот обид да се охрабрат Русите да гласаат на претседателските избори во земјата, в недела на 18 март.

На фотографијата што го привлече вниманието на националните и на светските медиуми, Јулија Дјалтова позира во друштво на осум голи девојки, чии интимни делови ги покрива натпис на кој пишува: „Ние одиме на избори“.

На фотографијата која е распространета и на социјалните мрежи пишувало: „Се гледаме на гласачките места“.

Јулија е сопруга на Александар Дјалтов, потпретседател на партијата Обединета Русија.

– Сите овие жени се различни, се занимаваат со различни бизниси – една е инженер, втора е професорка, трета фитнес инструкторка. Сакавме овој свет да го направиме малку поубав и нашата земја подобра и покажавме дека различни типови луѓе треба да бидат заинтересирани за иднината – изјавила Јулија Дјалтова пред новинарите, објаснувајќи дека нејзиниот сопруг не е љубоморен ниту засрамен заради оваа нејзина постапка.

Ова не е прв ваков провокативен потег во екот на претседателската кампања во Русија. Неодамна се појавија серија стикери објавени од магазинот „Максим“, за апликации за чет во која жени на провокативен начин заведуваат мажи и ги поттикнуваат да излезат на гласање.

Исто така, руското издание на магазинот објавило и фотосет со провокативни модели што одат на избори.

Според медиумските извештаи, актуелниот претседател на Русија, Владимир Путин, останува главен фаворит и за следниот мандат. Според истражувања на јавното мислење во Русија од декември 2017 година, Путин имал поддршка од околу 80 отсто од граѓаните. Претстојните избори за претседател на Русија ќе се одржат на 18 март, а предизборната кампања официјално започна на 18 декември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...