Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва ќе протера 60 американски дипломати и ќе го затвори американскиот Конзулат во Санкт Петербург.
Лавров нагласи дека американскиот амбасадор во Русија бил „информиран за мерките“ додавајќи дека „бројката на протерани е иста како и на САД“.
– Наша мерка ќе биде и укинување на дозволата за работа на американскиот Конзулат во Санкт Петербург – изјави Лавров.
Вашингтон претходно, протера 60 руски дипломати и го затвори рускиот Конзалат во Сиетл.