Русија избира претседател, Путин фаворит

225

Во Русија денеска се одржуваат претседателски избори на кои се очекува победа на актуелниот шеф на државата Владимир Путин.

Во трката за претседател на Русија се осум кандидати.

Според анкети, Путин има поддршка од околу 80 отсто граѓани, што лесно може да му обезбеди уште еден шестгодишен мандат.

Путин за првпат беше избран за претсеател во 2000 година. Оваа година е независен кандидат.

Меѓу останатите кандидати се лидерот на Либералната демократска партија на Русија, Владимир Жириновски, бизнисменот Павел Грундин како кандидат на Комунистичката партија, соосновачот на Јаболко, Григориј Јавлински, лидерот на Партијата на прогресот и економски омбудсман, Борис Титов, шефот на партијата Руски општонароден сојуз Сергеј Бабурин, ТВ водителката и политички активист Ксенија Собчак и лидерот на Комунистите на Русија, Максим Суракин.

На речиси 97.000 избирачки места може да гласаат околу 110 милиони гласачи (од нив 1.875.408 во странство).

На сите избирачки места има веб-камери што би требало да обезбедат контрола на почитувањето на изборниот процес.

Изборите ги следат повеќе од 144.000 набљудувачи (рекорден број), од кои 1.500 меѓународни набљудувачи од 109 држави.

Сите избирачки места ги чува полицијата, а само во Москва за безбедноста се ангажирани повеќе од 17.000 полицајци.

Изборите ги „покриваат“ околу 400 странски новинари и вкупно 13.200 новинари ширум Русија.

Фото: EPA/SERGEI CHIRIKOV / POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...