Ринго Стaр стана витез

246

Тапанарот на легендарните „Битлси“, Ринго Стар, денеска беше прогласен за витез во Бакингамската палата, а по церемонијата славниот музичар се пошегува со новинарите велејќи дека отсега очекува покрај името да му ја додаваат и титулата.

Ринго Стар (77) на свеченоста се појави со својата сопруга Барбара Бах, а за витез го прогласи принцот Вилијам, кој му го врачи церемонијалниот меч со што тој стана сер Ричард Старки, односно како што е неговото вистинско име и презиме.

– Не знам како соодветно да ја користам оваа титула, но очекувам вие да ја употребувате, се пошегува Ринго Стар со новинарите покажувајќи им го одликувањето.

Музичарот, кој потекнува од Ливерпул, денес живее во Лос Анџелес, а признанието го доби за неговата работа во областа на музиката.

Тој од 1962 година беше дел од „Битлси“ заедно со Пол Макартни, Џон Ленон и Џорџ Харисон.

За разлика од него Макартни беше прогласен за витез пред 21 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...