Светски познатиот режисер Ридли Скот преговара за нов филм – воен трилер за евакуирањето на 4.885 кинески државјани во рок од 48 часа, за време на ирачката инвазија во Кувајт во 1990 година.
Проектот на кинеската „Жежианг Талент“, насловен „3богум, Кувајт“, ќе чини 35 милиони долари. Снимањето ќе се одвива во Кина и Кувајт, а филмот е пред се наменет за кинескиот пазар.
Последните филмови коишто Скот ги пласираше во Кина се „Сите пари на светот“ и „Осмиот патник: Завет“, којшто пак, заработи околу 46 милиони долари.
ФОТО: EPA/PAUL BUCK