Реконструкција на кинеската Влада

Именувањата за кои одлучи врвот на Комунистичката партија денеска ги одобри Парламентот, кој до утре одржува годишна пленарна седница.

84

Кина денеска соопшти дека извршила реконструкцијa на Владата што е постапка на секои пет години, а годинава укажува на континуитет поради задржување на некои клучни функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Ванг Ји.

Ванг (64), кој е познат во странство затоа што се занимава со прашања како што се Северна Кореја и кинеско-американските односи, го задржува својот ресор, но во исто време е промовиран во државен советник. Со оваа функција, тој станува највисок функционер на надворешната политика во Владата.

Министер за одбрана е генералот Веи Фенге (64) кој е искусен војник од 2012 година.

Веи доаѓа на местото на генералот Чанг Ванкуан, кој си заминува поради старост.

Именувањата за кои одлучи врвот на Комунистичката партија денеска ги одобри Парламентот, кој до утре одржува годишна пленарна седница.

Премиерот Ли Кечијанг (62) кој е на фунцкија од 2013 година, веќе е потврден на функцијата речиси едногласно, еден ден откако Парламентот го потврди Кси Џинпинг за претседател на државата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...