Речиси 400.000 долари од владата на Викторија за македонски културен центар (Видео)

Новиот културен центар ќе биде изграден во дворот на црквата „Свети Ѓорѓи и Пресвета Богородица" во Епинг.

451

Македонската заедница вo Викторија ќе добие финансиска поддршка од 375.000 долари од Викториската Влада како поддршка за изградба на нов културен центар во Епинг.

Новиот културен центар ќе вклучува повеќе функционални простории за редовни часови, социјални активности и фестивали. По завршувањето, се очекува oд културниот центар секоја недела корист да имаат околу 3.000 луѓе од македонската и пошироката заедница.

Новиот културен центар ќе биде изграден во дворот на црквата „Свети Ѓорѓи и Пресвета Богородица” во Епинг. Ќе биде опремен со приемна сала, библиотека, училница, неколку канцеларии, театар, кино, радио студио и музеј.

Министерот за Мултикултурни прашања на Викторија, Робин Скот за одлуката за доделување помош рече:

– Македонската заедница на Викторија придонесе за општествениот, културниот и економскиот живот на нашата држава и јас сум горд да објавам дополнителни средства за иницијативи кои ја зачувуваат и промовираат нивната култура.

Одлуката за доделување на финасиската помош во име на министерот за мултикултурни работи Скот, ја соопшти пратеничка во Викторискиот парламент од Томастаун.

Од Македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија за доделената финасиска помош од Викториската влада се заблагодари претседателот Мирчо Ангеловски.

– Ние веруваме дека изградбата на овој нов простор ќе помогне во поттикнување на конструктивна културна креативност, особено од младите во нашата заедница – рече Ангеловски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...