Раскошни трепки за 8 Март со маскарата на „Авон“

Четкичката со посебни влакна придонесува за ултра волумен со тоа што поминува низ секоја трепка зголемувајќи го волуменот и должината.

137

Заводливиот женски поглед е неизбежно поврзан со раскошните трепки, а козметичката компанија AVON тргнувајќи од таа почетна точка ја креираше маскарата Ultra Volume која придонесува за згуснување и за поголем волумен на трепките. Иновативниот производ веќе е достапен во Македонија како изненадување за сите дами за Интернационалниот ден на жената, 8 Mарт.

Маскарата е дел од линијата Avon True и станува збор за револуционерен производ за чии предности зборува и фактот дека во истражување спроведено од компанијата дури 85 отсто од жените потврдиле дека им дава на трепките раскошен волумен.

Avon True Ultra Volume е водоотпорна, не се размачкува и не се рони. Од AVON велат дека е совршен избор за секој ден, за вечерно излегување, за лежерни активности, тренинг па дури и за пливање во базен.

Дополнително содржи Smartfibre комплекс со три придобивки. Првично, четкичката со посебни влакна придонесува за ултра волумен со тоа што поминува низ секоја трепка зголемувајќи го волуменот и должината.
Втората придобивка е мултипликацијата односно формулата што ги пополнува празнините и создава впечаток на повеќе трепки. Дополнително, четкичката во форма на бадем ги подигнува трепките од коренот зголемувајќи ја густината за 100 отсто.
За дополнителна промоција и можност да се проба овој фантастичен новитет, AVON во кампања 4 ја лансираше и специјалната пролетна програма наречена „На крилјата на убавината”, која нуди дополнителна вредност при шопингот и за крајните корисници, и за претставниците. Пеперутката е симболот на оваа програма, а собраните пеперутки при купувањето значи можност за нивно заменување за специјални производи по симболична цена од само 19 денари. Повеќе информации за механизмот на програмата е достапен на следниот линк avoncosmetics.com.mk/PRSuite/ButterflyLandingMK.page
Компанијата Avon е позната по своите исклучително квалитетни маскари меѓу кои и бестселерите SuperSHOCK и Wide Awake од линијата AVON True. Ultra Volume е последната иновација на козметичкиот гигант со која на жените им се нуди нов, усовршен и надграден производ кој ќе ги задоволи нивните потреби и желби.
AVON е компанија која веќе 130 години гордо се залага за убавина, иновации, оптимизам и над сѐ – за жените. Производната палета на AVON ги содржи добро познатите и посакувани брендови како ANEW, Avon True, mark, Skin-So-Soft и Advance Techniques. Продаван преку скоро 6 милиони активни независни Претставници, производите на AVON ги воодушевуваат потрошувачите во скоро 70 земји во светот. Информирајте се повеќе за AVON и неговите производи на avoncompany.com
Новата маскара Avon True Ultra Volume од AVON e достапна за продажба преку Претставниците на Avon. Повеќе информации за производот може да се добијат на avon4.me/2uFpDcF
(Промотивен текст)
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...