Раде Шербеџија како и неговиот син Данилo неколку денови порано за српски „Курир“, ги демантираа како обична лага написите во медиумите дека му се нудел на „некој млад албански филмски режисер“ да игра во неговиот филм за водачот на ОВК, Адем Јашари, пишува српски „Курир“.
– Сосема е бесмислено мене да ми се нуди да ја играм таа улога, како што е и сосема бесмислено дека некој би можел да поверува дека јас таква понуда би прифатил – нагласил Шербеџија.
Тој имал порака за режисерот Љуан Круези.
– Сакам да му порачам дека бев пријател со многу големи албански актери, со Беким Фехмиу, Фарук и Истреф Беголи, Енвер Петровци и со многу други… Во своето срце и памтење ги носам не само како величествени уметници туку и како чесни и прекрасни луѓе, кои беа горди и љубители на вистината – истакнал Шербеџија и додал:
„Ако сакате да се занимавате со уметност, мора да знаете дека вистината е првиот услов за да се стане уметник.“