Западните медиуми се зачудени зошто рускиот претседател на неодамнешните избори беше поддржан од 80 отсто од младите лица на возраст од 18 до 24 години, објави „Спутник“.
Порталот наведува дека во одредени американски, британски и австралиски медиуми се појавија текстови во кои е наведено дека „ниту младите не се тоа што некогаш биле“.
„Волстрит џурнал“ повикувајќи се на руската агенција „Левада центар“ истакнува дека популарноста на Путин всушност е најголема помеѓу „интернет генерацијата“, младите лица од 18 до 24 години. Рускиот претседател има дури 86 проценти поддршка од таа популација.
Американските медиуми објавија серија интервјуа со млади Руси, кои покажуваат дека тие ценат други вредности во однос на генерацијата на нивните родители. Младите Руси не веруваат во револуции и насилна смена на власт, туку во еволуциски промени кон подобро.
Според австалискиот весник „Аустралијан“ – „Популарноста на Путин е неспорна, посебно помеѓу младите лица“, додека британскиот весник „Дејли телеграф“ посочува дека „руската ’генерација Путин’ е поприврзана кон Кремљ отколку нивните родители“.
Поради тоа медиумите таа популација ја нарекоа „путинејџери“.