Путин: Не ме интересираат тврдењата за руска вмешаност во изборите во САД

256

  Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не го интересираат тврдењата за руска вмешаност во претседателските избори во САД, бидејќи тоа нема никаква поврзаност со неговата Влада.

Во интервју за американската телевизија Ен Би Си, Путин  беше прашан дали ја оправдува интервенцијата на 13 физички и тројца правни лица од Русија споменати во американските обвиненија.

– Тоа воопшто не ме интересира, затоа што тие не ја претставуваат Владата, рече Путин.

Според него, тие луѓе можеби и не се Руси, можеби се „Украинци, Татари, Евреи, но со руско државјанство“.

Тој смета дека тоа треба да се истражи, бидејќи е можно да имаат и двојно државјанство или американски зелени карти.

– Можеби се платени од Американци за тоа. Како можете да го знаете тоа. Јас не знам, истакна рускиот претседател во интервјуто.

На прашањето дали Русија би ги екстрадирала обвинетите руски граѓани, тој одговори дека тоа е невозможно, „бидејќи Русија не екстрадира свои граѓани, како што тоа го прави САД“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...