Pumperzz Of The Fall вечерва во Станица 26

151

Во ноќниот клуб Станица 26, во организација на 3Гонга вечерва во 20 часот настапува македонскиот бенд „Pumperzz Of The Fall“ во состав Ирена Димовска – вокал, Мортен Џеј – бас и придружен вокал, музички директор Даниел Митревски на гитара и придружен вокал и Иле Лулевски на тапани.

Повод за концертот е одбележување на 15 години од нивното постоење и промоција на нивниот последен албум „All about you“, кој неодамна е издаден на винил LP, и кој наедно е нивен четврти албум. Предходно истиот албум, кој сега е ставен на плоча е издаден и во дигитална верзија. Овие две изданија ги потпишува дискографската куќа Alliance Records и продуцентската куќа 3PM Productions. Предходно бендот има издадено уште два албума на ЦД, тоа се „All whatever“ и „Mind game“.

– Pumperzz Of The Fall има патувано низ неколку сфери од музичката скала на жанрови, гледано онака како што медумите ги карактеризираат жанровите, но сега под водството на Alliance Records и продукциската куќа 3PM Productions, се најдовме себеси во една музичка фузија на тонови. Правиме музика која би ја категоризирале како свој стил во сферата на рок ориентирани тонови со примеси на indie и pop. Дискографската куќа Alliance Records e позната по тоа што негува музика со богатство на тонови и скали кои имаат уметнички пристап, така што мислиме дека има стил кој нас ни лежи и не прави уникатни во морето од мноштво жанрови. Во секој случај сметаме дека мотото на Alliance Records “We Bring Back The Music” е она што не карактеризира и во татковината и надвор – велат од бендот.

Предходно имаат настапувано во Италија, Унгарија и низ регионот и тоа е карактеристично за минатите настапи, но сега за првпат ќе настапуваат и во Лондон.

Веднаш по летниот период, Pumperzz Of The Fall заминуваат на голема есенска турнеа низ Скандинавија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...