Германското обвинителство одобри екстрадирање на поранешниот каталонски премиер Карлес Пучдемон во Шпанија.
Германските власти минатата недела го приведоа Пучдемон врз основа на меѓународната потерница која против него ја објави Шпанија под обвинение за бунт, а во врска со одржувањето на референдумот за отцепување и прогласувањето на независност на Каталонија.
Поранешниот лидер на Каталонија тврди дека немало употреба на сила при обидот за одделување на регионот од Шпанија, како што е наведено во обвинението.