Прва годишна конференција по повод првиот Буџет на независна Македонија

Тема на конференцијата е „Управување со јавните финансии и економски раст - комплементарни или спротивставени“.

136

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи Првата годишна конференција на Министерството за финансии по повод 2 април, денот кога беше донесен првиот Буџет на независна Република Македонија.

Тема на конференцијата е „Управување со јавните финансии и економски раст – комплементарни или спротивставени“.

Воведни обраќања ќе имаат премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери, а поздравен говор ќе одржи министерот за финансии Драган Тевдовски.

На првата панел дискусија „Добро буџетирање – градење на рамките, поставување на правилата, подигнување на транспарентноста“, главен говорник ќе биде Линда Ван Гелдер од Светска банка, а како панелисти се најавени и премиерот Заев и министерот Тевдеовски.

Втората панел дискусија е насловена „Предизвиците на фискалната политика во Македонија – некогаш и сега“, а панелисти се поранешните министри за финансии, академик Таки Фити, Петар Гошев, Никола Поповски и Трајко Славевски.

Првиот Буџет на РМ е донесен на 2 април 1992 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...