Прв женски економски форум во Саудиска Арабија

Дводневниот форум под наслов „Ајде да зборуваме за утре" има за цел да ги промовира позитивните промени, да ги олесни дискусиите и да ги поттикне меѓусекторските партнерства.

113

Во Саудиска Арабија се одржува првиот Женски економски форум, што започна денеска во Ријад.

Дводневниот форум под наслов „Ајде да зборуваме за утре” има за цел да ги промовира позитивните промени, да ги олесни дискусиите и да ги поттикне меѓусекторските партнерства.

Панелистите ќе разговараат за економската трансформација на Саудиска Арабија пред публика составена од бизнис лидери, креатори на политики, претприемачи, невладини организации, уметници и млади луѓе.

Форумот доаѓа во време кога земјата минува низ брзата диверзификација на економијата и зајакнување на можностите за инвестирање, велат организаторите.

Во Саудиска Арабија се подобрува положбата на жените, бидејќи земјата се движи напред со амбициозна желба да го модернизира и да ја зајакне улогата на жената политички, социјално и економски, како и вклучување во науката.

Престолонаследникот Мохамед бин Салман, промовираше неколку реформи, како на пример, жените да смеат да гледаат спорт, ги врати музичките концерти и ги отвори кината кои беа забранети повеќе од три децении.

Според организаторире на форумот, вклучувањето на жените и младите во економските текови е од клучно значење за водење одржлива економија во Саудиска Арабија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...