Принцовите Хари и Вилијам со нивните партнерки Меган Маркл и Кејт Мидлтон имаа прв заеднички ангажман при отворањето на „Royal Foundation Forum“. Целта на овој настан е да го покаже прогресот на добротворните проекти со кои се занимаваат младите членови на кралското семејство.
Темата на состанокот на Фондацијата беше „Заедно да направиме разлика“.
– Нашата задача не е да го измислиме тркалото, туку да го следиме примерот, оставен во наследство од оние пред нас, да опстојуваме на вредностите кои секогаш биле важни за нашето семејство, а во исто време ги поддржуваме проектите преку понапредни и посоодветни за нашата генерација средства и јавни настапи – рече Вилијам.
Првите заеднички фотографии на четворицата се појавија по Божиќ, кога заедно со другите претставници на кралското семејство беа на традиционалната божиќна служба во Сандрингам. Но, ова, е нивен прв јавен ангажман.
– Ќе направам сѐ што е до мене жените во Англија да добијат храброст и нивната положба да се подобри. Треба да станат свесни за својот глас и да го користат – истакна Меган.
Меган, која наскоро ќе стане дел од кралското семејство, рече дека со нетрпение очекува поактивно да работи во Фондацијата, бидејќи и досега имала успеси во хуманитарни акции, а била посветена во борбата за правата на жените уште од тинејџерски години.
За оваа прилика Меган носеше со фустан на „Jason Wu“ во вредност од 1.415 фунти, а Кејт Мидлтон беше со фустан на „Seraphine“ по цена од 99 фунти.