На 3.март (сабота) во Скопје ќе се одржи првиот Пивски салон со учество на 12 производители од Скопје, Велес, Куманово, Битола и еден гостин од Грција.
Настанот е во организација на порталот Сакампиво.мк кој се грижи за промоција на пивото и пивската култура во Македонија на едно повисоко ниво, поддржан од конвивиумот Слоу фуд Водно (огранок од мрежата Слоу Фуд Македонија) и фејсбук групата „Домашно пиварство Македонија“.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.