Протести на истражувачи и научници поради употреба на вештачка интелегенција за воени цели

Научниците што се занимаваат со ВИ од речиси 30 држави повикаа на бојкот на јужнокорејски универзитет поради загриженост дека соработката на неговата нова лабораторија со водечка компанија за воена опрема.

106

Научници истражувачи на напредни технологии изразија протест поради употребата на вештачка интелегенција (ВИ) за воени цели.

Неколку илјади вработени во Гугл меѓу кои и инженери на високи позиции потпишаа писмо со протест поради вмешаност на компанијата во програма на Пентагон што користи ВИ за анализа на видео снимки што може да се користи за прецизни напади со дронови, објави Њујорк Тајмс.

Научниците што се занимаваат со ВИ од речиси 30 држави повикаа на бојкот на јужнокорејски универзитет поради загриженост дека соработката на неговата нова лабораторија со водечка компанија за воена опрема што може да предизвика создавање „роботи убијци“, објави Гардијан.

Во интерно писмо до Гугл се бара компанијата да се повлече од Проектот Мавен, пилот програма на Пентагон и да се најави политика на компанијата дека „никогаш нема да прави технологија за војување“.

„Веруваме дека Гугл не би требало да биде вмешан во воени работи, се вели во писмото на главниот директор Сундар Пичај во кое се споменува и мотото на компанијата „Не биди лош“.

Писмото кое циркулира во Гугл и на кое има повеќе од 3.100 потписници го задржува култниот судир на Силиконската долина и Федералната влада што најверојатно ќе се интензивира кога напредната ВИ се повеќе ќе се користи во воени цели, нагласува Њујрок тајмс.

Гардијан наведува дека повеќе од 50 научници го потпиушале писмото во кое се бара бојкот на корејскиот Институт за наука и технологија и неговиот партнер производителот на воена опрема Ханвха системс.

Истражувачите наведуваат дека нема да соработуваат со тој универзитет и гости од тој универзитет поради стравување дека таа институција настојува да забрза трка во вооружувањето со развој на автономно оружје.

Повикот за бојкот е испратен пред состанокот во следната недела во ОН во Женева за автономно оружје и повеќе од 20 држави побараа целосна забрана на роботите убијци.

Ханвха еден од најголемите производители на оружје и произведува касетна муниција што е забрането во 120 држави со меѓународен договор. Јужна Кореја заедно со САД, Русија, Кина не е меѓу потписниците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...