Дебитантската збирка поезија на англиски јазик под наслов „Thoughts“ (Мисли), младешки стихови на средношколецот Марко Манасиев, беше промовирана во хотелот „Александар Парк“ во Виница.
Првата поетска збирка на младиот поет Марко Манасиев, како што посочи рецензентот Орце Павлов, претставува енциклопедија на емоции, креирана како одговор на сериозните предизвици инспирирани од секојдневието на адолесцент заробен меѓу два света.
Манасиев, ученик во виничката гимназија „Ванчо Прќе“, претставувајќи со своето поетско првенче рече дека неговите стихови се интерпретација на личните впечатоци од осознавање на светот.