Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ денеска ќе биде промовирана поетската книга „Скаменет сон“ од доајенот на македонската литература за деца Стојан Тарапуза. Издавач на делото е „Дијалог“ од Скопје.
За делото ќе зборува професорката Кристина Николовска, а студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-Скопје ќе рецитираат стихови од познатиот македонски писател.