Во кафе-книжарницата „Магор“, утре во 20 часот, ќе се одржи промоција на новата книга есеи „Патувања..Патописи… Книги…“ на Лара Прокопиева, во издание на издавачката куќа Авант прес од Скопје. За книгата ќе говори Соња Стојменска-Елзесер.
Темата на книгата е истражувањето на жанрот патопис низ четири конкретни патописни дела. Преку нивна анализа се покажува неговата креативна адаптабилност, од една страна – преку средбата на индивидуалниот автор со новите културолошки и егзистенцијални сознанија, а од друга – преку преплетувања на две разнородни култури.
Лара Прокопиева (1989, Скопје), е магистер по културолошки студии. Објавила есеи и стручни текстови во интернационални и домашни списанија. Активно преведува од шпански и англиски јазик.