Принс по­чи­нал од пре­до­зи­ра­ње со дро­га 50 па­ти по­сил­на од хе­роин

708

Но­ви­те де­та­ли на ток­си­ко­лош­ка­та ана­ли­за по­ка­жу­ва­ат де­ка по­чи­на­та­та поп-рок ѕвез­да Принс, во мо­мен­тот на смрт­та во сво­јот ор­га­ни­зам имал пре­ку­мер­но ви­со­ко ни­во на дро­га­та фен­та­нил.

Пе­ја­чот што по­чи­на на 57-го­диш­на воз­раст бе­ше про­нај­ден сам и без спо­соб­ност на как­ва би­ло ре­ак­ци­ја на 21 ап­рил 2016 го­дина, на сво­јот имот Пеј­зли парк.

Не­дол­го от­ка­ко бе­ше кон­ста­ти­ра­на смртта, бе­ше пот­врде­но де­ка пе­ја­чот ум­рел од пре­до­зи­рање. До­пол­ни­тел­но бе­ше со­оп­ште­но де­ка во не­го­ви­от ор­га­ни­зам е про­нај­ден фен­та­нил, дро­га 50 па­ти по­сил­на од хе­ро­и­нот.

Ток­си­ко­лош­ки­от на­од до кој дош­ла агенци­ја­та АП, из­не­су­ва де­та­ли за ко­ли­чи­на­та на таа суп­станција, ко­ја док­тор Лу­ис Нел­сон, од служ­ба­та за ит­на ме­дицин­ска по­мош на Ме­дицин­ско­то учи­лиш­те Рут­герс од Њу Џерси, ги опи­шу­ва ка­ко „мош­не ја­сен до­каз“.

– Ко­ли­чи­на­та на фен­та­нил во крв­та на Принс би­ла ис­клу­чи­тел­но ви­сока, ду­ри и за не­кој што хро­нич­но стра­да од сил­ни бол­ки и чес­то ко­рис­ти фен­та­нил­ски флас­те­ри – ре­кол тој.

Концен­тра­ци­ја­та на фен­та­нил во не­го­ва­та крв би­ла 67,8 мик­рог­ра­ми по ли­тар.
Прет­ход­но се по­ка­жа де­ка си­те ко­ли­чи­ни во рас­пон од са­мо три па до 58 мик­рог­ра­ми по ли­тар мо­жат да би­дат фа­тални.

Кај Принс се про­нај­де­ни и 450 мг по ки­лог­рам на таа дро­га во цр­ни­от дроб, до­де­ка се­ко­ја ко­ли­чи­на по­го­ле­ма од 69 мик­рог­ра­ми по ки­лог­рам „прет­ста­ву­ва до­за на фа­тал­на ток­сич­ност“.

Во из­веш­та­јот се на­ве­ду­ва и дека, нај­ве­ро­јатно, по­тенци­јал­но смрто­нос­на­та до­за на фен­та­нил се на­о­ѓа­ла и во сто­ма­кот на слав­ни­от пе­јач.

Во ме­ѓув­реме, глав­ни­от об­ви­ни­тел во слу­ча­јот на ис­тра­га­та на смрт­та на слав­ни­от пе­јач из­ја­вил дека, пок­рај по­ја­ва­та на но­ви­те до­кази, се раз­гле­ду­ва­ат но­ви ин­фор­ма­ции во смис­ла на евен­ту­ал­но­то по­ве­ду­ва­ње об­ви­не­ние во врска со не­го­ва­та смрт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...