Само шест од над 150-те китови што беа заглавени на плажа во заливот Хамелин во западна Австалија, успеаја да преживеат и се вратени во океанските води, јави Би-Би-Си.
Заглавените китови на плажата во Хамелин, на околку 300 километри јужно од Перт, во петокот ги забележал еден локален рибар, кој веднаш ги алармирал властите.
Во акцијата за спасување на китовите, што ја спроведоа надлежните инистуции, се вклучија и над сто волонтери.
Сепак, и покрај напорите на сите лица вклучени од акцијата, речиси 150 китови угинаа, пред да бидат вратени во океанските длабочини.
Станува збор за китови-пилоти кои се со темна боја и имаат розев стомак.