Претставата „Синиот портокал“ утре во македонскиот КИЦ во Софија

142

По повод Меѓународниот ден на театарот во Културно-информативниот центар на  Македонија во Софија, утре во 18.30 часот гостува велешкиот театар „Јордан Х. К. Џинот“ со театарската претстава „Синиот портокал“ од Џо Пенхол.

Режисер на претставата е Александар Ивановски, драматург – Kатерина Момева, сценографија- Филип Коруновски, автор на музика- Сашко Костов, со учество на Самоил Стојановски,Фаик Мефаилоски и Жарко Спасовски.

Во време на глобализација кога сакаме да ги надминеме табуата за разликата во бојата на кожата, националност и културните наследства кои ги носиме во себе, оваа драма топло ја брани неправдата која ја нанесуваме некогаш преку негативна, а некогаш преку позитивна дискриминација. Во оригиналната драма централен лик е афроамериканец, кој доаѓа од црнечкото гето и е болен од шизофренија. Оваа драма е уште и за современата психијатрија, со застарени методи на лекување и беспомошноста на докторите да ги лекуваат своите пациенти без седативи. Ликови се Брус, Кристофер и Роберт. Брус е психијатар со помало искуство од Роберт, но многу е приврзан за својот пациент. Иако на двата еминентни психијатри би требало да им биде поважен животот на пациентот, бирократските правила, колегијалните местенки и ривалството во еден момент стануваат поважни од се.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...