Преполовен бројот на детски бракови во Индија

111

Во последните десет години во Индија речиси се преполови бројот на девојчиња кои се мажат, што значително придонесе за глобален пад на бројот на детски бракови.

Ова го соопшти УНИЦЕФ, додавајќи дека во светот се спречени околу 25 милиони детски бракови од кои најмногу во Јужна Азија.

– Во Индија живее повеќе од 20 отсто од светската адолесцентна популација и има најголем број детси бракови во Јужна Азија, со оглед на нјезината големина и популација, изјави Хавиер Агуилар, шеф на УНИЦЕФ за заштита на децата.

Според последните податоци, 27 отсто или речиси 1,5 милиони девојки во Индија се венчале пред 18 години, што е значително помалку во однос на 47 отсто детски венчавки пред десет години.

Детските бракови го зголемуваат ризикот за здравјето, пристапот до образованието и опасноста од злоставување, и влијаат на меѓугенерациска сиромаштија, истакнува УНИЦЕФ. Падот на детски бракови се припишува на подобриот пристап на жените до образование и зголемената свест на јавноста за негативното влијание врз детето.

Заклучоците на УНИЦЕФ за Индија се донесени по споредба на здравствени прегледи од 2006 и 2016 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...