Заради надминување на состојбата предизвикана од нелегалната блокада на пристапниот пат до рудникот САСА, менаџментот на рудникот вчера ги повика на разговор претседателoт на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) – Дарко Димовски, претседателот на Мултиетничкит синдикат на образованието (МЕСО) – Драге Јовановски и генералниот секретар на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството (СИЕР) – Марија Анчева.
Целта на средбата со раковството на ССМ и двата негови гранкови синдикати беше да се изнајде решение, во согласност со Законот за работни односи, кое ќе овозможи продолжување на редовното функционирање на рудникот.
На состанокот од страна на претседателот на ССМ, Димовски и претседателот на МЕСО, Јовановски беше презентирана документација што ја бараше менаџментот на САСА, која според законот е неопходна како доказ дека овој синдикат легитимо ги претставува интересите на дел од вработените во САСА. По презентирање на документите, менаџментот на САСА го прифати и МЕСО како репрезентативен синдикат, согласно одредбите од Законот за работни односи.
На состонокот беше потпишан протокол со која страните се обврзаа дека во рок 20 дена, согласно регулативата, двата репрезентативни синдикати (СИЕР и МЕСО) ќе формираат заеднички тим за преговори со менаџментот на рудникот.
Беше постигната и согласност за итен прекин на незаконската блокада на пристапниот пат кон рудникот САСА, за да се избегнат натамошните штети за компанијата и за сите нејзини 700 вработени.
Притоа, менаџменот на рудникот уште еднаш нагласи дека тие остануваат подготвени да разговаат за сите барања на вработените во САСА, но исклучиво според процедурите предвидени со Законот.
Инаку, менаџментот на рудникот САСА ги запозна претседателите на синдикатите со досегашните вложувања и развојните планови на новите инвеститори во рудникот САСА – компанијата Централ Азија Металс од Лондон, кои станаа сопственици на рудникот во ноември минатата година. Притоа беше нагласено дека рудникот неoдамна одбележа над 500 денови без повреда на работно место, што јасно говори за вложувањата во безбедноста и условите за работа во руднкиот, а исто така беше истакнато дека платите во компанијата се двојно повисоки од просечната плати во земјата.