Поранешниот грчки министер Тасос Манделис обвинет за перење пари

122

Грчки јавен обвинител денеска побара поранешниот министер за транспорт од социјалистичката партија ПАСОК, Тасос Манделис да биде прогласен за виновен за перење пари, јави „Катимерини”.

Манделис е обвинет дека од германскиот концерн „Сименс“ во 1997 година примил поткуп во износ од 450.000 германски марки за потпишување на договорот за дигитализација на најголемиот грчки телеком ОТЕ.

По неколкумесечното сослушување во Апелацискиот суд во Атина, обвинителот не го прифати аргументот дека парите биле предизборна донација.

Изборите се одржаа година и половина по уплатата на паричниот трансфер, а парите не биле потрошени за предизборната кампања, туку за студирање на синот на Манделис на странски универзитет.

Обвинителот, исто така, повика и другите обвинети во случајот, вклучително и поранешниот извршен директор на „Сименс“, Илијас Георгиу, да бидат прогласени за виновни.

Првично Георгиу доби 12-годишна условна казна, а Манделис – осум години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...