Поранешната манекенка на „Плејбој“ Карен Мекдугал изјави дека имала 10-месечна интимна врска со Доналд Трамп во 2006 и 2007 година.
Мекдугал поднела барање во суд во Калифорнија да биде ослободена од договор за неоткривање на таа информација.
Според барањето на Мекдугал, компанијата „Американ медиа инк“, издавач на таблоидот „Нешнл Инквајерер“, во 2016 година и платила 150.000 долари за да не ја открие нејзината врска со Трамп.