Обожавателка на комичарот Мајкл Мекинтаер завршила в болница во англискиот град Плимут поради силни болки за време на еден од неговите настапи.
Деветнаесет годишната Џесика Овен раскажала дека одеднаш почувствувала остра болка во градите и раката почнала да и трпне.
– Беше премногу страшно. Одлучивме да го напуштиме шоуто и веднаш да заминеме на лекар, објаснува Џесика.
По направеното ЕКГ лекарите дошле до необична дијагноза за ситуацијата на девојката, а тоа е воспаление на градниот кош поради премногу смеење.
– Кога им кажав на лекарите каде бев, тие рекоа дека е очевидно што се случило и оти премногу сум се смеела, додава Џесика.
Таа потоа му пишала на комичарот на Фејсбук, а за возврат добила покана за некој од неговите настапи.