Подготвен е проектот за изградба на автопатот Скопје-Блаце

334

Изградбата на автопатот од Скопје до Блаце е врвен инфраструктурен приоритет за Владата, бидејќи имаме значителна економска размена со Косово и ќе се обидеме што побрзо да биде реализиран, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев по работната средбата во Стопанската комора.

– Проектот за патот од Скопје до Блаце во должина од 13 километри, чија проценета вредност е 63 милиони евра, е завршен и е на ревизија. Зборувавме и со Европската банка за обнова и развој да ја финасира изградбата на автопатот – рече Анѓушев.

Тој рече дека aа автопатот досега немаше техничка документација.

-Сега е направена и во тек е нејзината ревизија, а парите ќе бидат одредени и детерминирани како приоритетни – рече Анѓушев.

На прашање за решавање на инфраструктурните проблеми во зоната Визбегово, Анѓушев рече дека државата треба да им помогне и на претпријатијата кои самите ја разија оваа зона.

– Државата треба да посвети внимание и да им помогне на претпријатијата во зоната. Работиме на тоа да изнајдеме средства и да решиме некои нивни инфраструктурни проекти- рече Анѓушев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...