Почнува 12. Биенале на млади уметници

124

Во Музејот на современата уметност од денеска до 28 март ќе се одржува 12. Биенале на млади уметници, насловено „Ќе биде ли доцна ако времето запре?“

Годинава куратори на Биеналето се Ивана Васева, Бојана Јанева-Шемова и Владимир Јанчевски, а е дефинирано преку три сегменти кои опфаќаат изложба, презентации на млади уметници од земјава, како и регионална дискурзивна програма.

Биеналето на млади уметници се надоврзува на петгодишната манифестација „Современи македонски уметници – Млада генерација“ започната во 1967 година како одговор на потребите на развиената сцена преку воведувањето на селективност во претставувањето и следење на определени вредносни критериуми.

Прераснувајќи во биенална манифестација, првите четири изданија (1987-1993) им овозможувале на авторите осмислување на сопствената работа во контекстот на југословенските и светските движења, а и следење на развојот по дисциплини. Од 2001 година, т.е. петтото Биенале, во сооднос со општествено-политичките случувања во земјава, одлучено е да се понуди општа слика или панорамски поглед за релевантните текови на младата ликовна сцена, понекогаш дополнета со уметници од странство и со студенти од ФЛУ од 2005 година, а подоцна и тематски одредници и прашања кои кураторите и организаторите ги сметале за релевантни да се отворат. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...