Конвој од 17 автобуси го напушти реонот на Источна Гута, со кои од јужниот дел на оваа бунтовничка енклава во близината на Дамаск, беа евакуирани вкупно 981 бунтовник и членови на нивните семејства.
Автобусите се упатија кон реоните на провинцијата Идлиб, што се под контрола на сириските бунтовници.
Според хуманитраните организации, станува збор за бунтовници и цивили од селата Ајн Тарма, Замалака, Арбин и Џобар, кои до евакуацијата беа под контрола на бунтовничките сили.
Евакуацијата е спорведена врз основа на договорот меѓу сириските власти и бунтовничката група Фајлак ал Рахман, која го контролира тој дел на Источна Гута. Согласно договорот, следниве денови од тие подрачја треба да бидат евакуирани околу 7.000 лица.
Сириските владини сили минатиот месец започнаа офанзива против бунтовниците во Источна Гута, кој е последниот реон во близината на Дамаск под контрола на бунтовничките групи.
Во досегашниот тек на операцијата сирискита Армија презеде поголем дел на реонот, а во моментов под конторла на бунтовниците остана уште градот Дума, кој е целосно опколен од владините сили.