Погребот ќе се изврши денеска во Велес.
Друштвото на писателите на Македонија соопшти, дека вчера во Велес, по подолго боледување, во 69-та година од животот, почина писателката Павлина Климкар Меанџиева.
Павлина Климкар Меанџиева е родена 1949 година во Велес. Својот работен век го помина во родниот град како професор по македонски јазик и книжевност.
Во литературата Меанџиева дебитираше во 1978 година со стихозбирката „Тивнеења“. Потоа објави уште 14 поетски книги, меѓу кои: „Тишина што се слуша“, „Кралица на гревот“, „Голтач на огнови“, „Уста полна светлина“, „Ѕвездени патеки“ и „Наспроти ветрот“. Беше член на ДПМ од 1995 година.
Погревот на писателката ќе се изврши денеска nа градските гробишта во црквата „Св Спас“ во Велес .