Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) денеска ќе одржи состанок, еден ден откако британска лабораторија призна дека нема докази оти материјата со која бил отруен поранешниот шпион Сергеј Скрипал потекнува од Русија.
Претставниците на 41 држави членки на ОПЦВ ќе се состанат во Хаг по барање на Москва за нова размена на дипломатски аргументи за проблемот кој доведе до една од најсериозните кризи меѓу Русија и Западот по Студената војна.
Неколку дена дена по труењето на Скрипал и ќерка му Јулија на 4 март во англискиот град Солсбери, британската премиерка Тереза Меј ја обвии Москва и рече дека тоа е „единствено зможно објаснување“.
Кремљ постојано демантира дека е вмешан во нападот, а рускиот претседател Владимир Путин вчера изрази надеж дека средбата на ОПЦВ ќе стави крај на истрагата.
– Оваа руска иницијатива е нова тактика за диверзија, со цел да ја попречи работата на ОПЦВ во истрагата, реагира во коминике британското Министерство за надворешни работи.