На денешната владина седница, министрите ја разгледаа и ја усвоија Информацијата за прогресот на активности во реализацијата на Акцискиот план за проектот „Изградба на автопат Демир Капија – Смоквица”.
Како што соопшти владата, автопатот ќе се пушти во употреба кон средината на следниот месец.
– Финализираат работите на автопатот Демир Капија – Смоквица. Оваа делница од автопатот ќе биде пуштена по 15 април – рече портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.
Тој по завршувањето на 57-та владина седница изјави дека е прекината постапката за измена на Планот за управување со Националниот парк „Галичица“ и се утврдени и имплементирани препораките на УНЕСКО со кои Охрид останува светско културно наследство.