Платежната агенција ќе биде подостапна за земјоделците

236

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски денеска најави „отворени денови“ на Платежната агенција со цел подобро и поопсежно информирање на земјоделците.

– Ќе се потрудиме во овој период да ги искористиме сите 60 милиони евра кои ни стојат на располагање со Програмата 2014-2020 преку поголема достапност до можните апликанти во соработка со општините и ЗЕЛС – изјави Бабовски при денешната посета на реконструираната метеоролошка станица во Крива Паланка.

Според него, првите договори за ИПАРД се потпишани, а до крајот на месецот ќе бидат потпишани скоро сите дгоовори од мерките 1 и 3, додека поголемите проекти од мерката 7, за диверзификација, ќе влезат во имплементација до крајот на август.

– Тековно ќе бидат објавени уште два повика од ИПАРД 2, наменети за инвестиции во земјоделството, обнова на механизација. И со мерката млад земјоделец, која претходно ја реализиравме, се надевам ќе постигнеме модернизација на земјоделството – додаде Бабовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...