Планирање патувања и купување на карти за настани преку „Скајп“

107

Планирањето патувања со вашите најблиски или пријатели, никогаш не било лесна задача. За оваа намена има многу апликации, а „Скајп“, исто така, сака да го олесни целиот процес.

Новата функција во популарната услуга ќе ви овозможи со само неколку кликања да купите билет за настани или да испланирате патување. За да се постигне овој ефект, „Скајп“ има развиено дополнителни „плаг-ин“ опции за „ТрипАдвајзер“ и „СтабХаб“, кои ќе бидат достапни до сите корисници за кратко време. Ова значи дека нема потреба да отворате надворешни апликации.

Интеграцијата на „ТрипАдвајзер“ и „СтабХаб“ во нашите „Скајп“ профили е дефинитивно многу корисна иновација која ќе им заштеди време на многу луѓе. Додавањето информации од нив во групни разговори се врши со копчето „ADD“ во менито, информира „Енгаџет“. Потоа треба да изберете дестинација и да барате хотели, ресторани, концертни сали и други атракции во посакуваната област. Интересните работи што ги наоѓате може да се споделат со сите учесници во разговорот со копчето „Send“ во групниот чет.

Апсолутно на ист начин работи и „СтабХаб“ во „Скајп“. Само отворете го и изберете билети за настанот кој го сакате. Можете лесно да ги испраќате информациите до луѓето во групниот разговор со уникатен линк генериран од „СтабХаб“. Вашите пријатели само треба да кликнат на него за да ги видат податоците за настанот и за возврат да си резервираат места.

Новата функција ќе стане дел од Андроид и ајОС верзијата на „Скајп“, но е предвидена интеграција и за Виндоус 10 и МекОС.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...