Секоја година, на 21-ви март, се негува Денот на поезијата во стотици локации низ десетици држави во целиот свет. Настанот кој е во организација на виенскиот произведувач на кафе и чај, Јулиус Мајнл, има за цел да ја поттикне поезијата кај секого. Оваа година за разлика од минатото, движењето презеде еден чекор повеќе и на меѓународно ниво Јулиус Мајнл сака да докаже дека поезијата е духот на музиката. Неа луѓето многу ретко ја чувствуваат како блиска до нивниот вкус, но музиката е универзалниот јазик и ја има моќта да се запознаат со поезијата на уникатен начин. Затоа Јулиус Мајнл заедно со познатиот музичар ЈП Купер ќе создадат песна која ќе ги поттикне поетите од цел свет.
Оваа година „Плати со поезија“ се одржува по 4-ти пат и самиот настан полека се разгранува со тоа што оваа година ќе се одржи во 10 локали во Скопје и Велес. Секој кој што сака да ја пронајде содржината на својата креативност и да го плати своето кафе или чај со поезија може да ги посети Лофт, Ревија, Наргиле, Фонтана, Дион, Центар бар, Баду бар, Џуси бар, Сквер21 во Скопје и Чао кафе во Велес.
Поезијата е духот на музиката и на 21-ви март секој ќе може да го искуси изворот на оваа совршена синергија за време на „Плати со поезија“.