Пентагон: Русија е соучесник во злосторствата на Башар ал Асад

178

Русија е соучесник во злосторствата на сирискиот претседател Башар ал Асад во Сирија со својот свесен избор да не го почитува прекинот на огнот во Источна Гута, оцени денеска портпаролката на Пентагон Дејна Вајт.

– Русите свесно избраа да не го запрат режимот на Асад, па продолжува крвоипролевањето во Источна Гута – изјави Вајт на прес-конференција.

– Русија е морален соучесник и одговорна за злосторствата на Асад – додаде таа.

Петнаесет членки на Советот за безбедност на ОН на 24 февруари едногласно усвои Резолуција со која се бара едномесечен прекин на огнот во Сирија, кој не се почитува.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на форум во Москва денеска изјави дека земјата и натаму ќе ги поддржува силите на Дамаск во офанзивата против бунтовниците во Источна Гута.

– Ќе продолжиме да се бориме против терористите, ќе ги победиме, ќе ги победиме во Источна Гута, каде сириската војска сега спроведува операција со наша поддршка – рече Лавров.

– Пентагон смета дека Русија е некомпетентна или презема нелегални чекори или и тоа и тоа – изјави Вајт и повторно ја повика Москва да изврши притисок врз властите во Сирија да престанат да убиваат цивили.

Фото: EPA/MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...