Пентагон ја потврди смртта на лидерот на Ал Каеда во Либија

Бомбашкиот напад бил извршен во близина на градот Аубари на 24 март. Двајца терористи на Ал Каеда, меѓу кои и Муса Абу Дауд, висок официјален претставник на Ал-Каида во исламскиот Магреб, се убиени, соопшти американската команда одговорна за операциите во регионот.

245

Армијата на САД денеска ја потврди смртта на лидерот на Ал Каеда во Либија, убиен за време на воздушен напад во јужниот дел на земјата.

Бомбашкиот напад бил извршен во близина на градот Аубари на 24 март. Двајца терористи на Ал Каеда, меѓу кои и Муса Абу Дауд, висок официјален претставник на Ал-Каида во исламскиот Магреб, се убиени, соопшти американската команда одговорна за операциите во регионот.

Според Американците, тој се занимавал со обучување на новопримени членови во групата за извршување напади во регионот. Тој „обезбедувал логистичка помош, средства и оружје, дозволувајќи им на терористите да ги загрозат американските и западните интереси во регионот”, се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...