Папата Франциско денеска изјави дека членовите на мафијата во Италија во ниту еден случај не можат да се нарекуваат христијани.
Папата Франциско денеска изјави дека членовите на мафијата во Италија во ниту еден случај не можат да се нарекуваат христијани.
– Не треба да одиме далеку, да помислиме што се случува дома (во Италија) – изјави папата Франциско зборувајќи генерално за „лажните христијани“ кои се корумпирани, а се прикажуваат како правдољубиви.
Поглаварот на Католичката црква во обраќањето до верниците на Плоштадот Свети Петар наведе дека така наречените христијански мафијаши немаат ништо христијанско во себе туку „носат смрт во своите души“.
Голем број припадници на криминални групи во Италија, како сицилијанската Коза ностра или калабриската Надрангета се однесуваат како дел од верска, култна група и посебно во помалите градови одат и на причест.