Вредноста на акциите на светскиот онлајн дистрибутер „Амазон“ паднаа за неверојатни 52 милијарди долари, откако Белата куќа го отвори прашањето за даночната стапка која ја плаќа компанијата на Џеф Безос.
Американскиот претседател Доналд Трамп се консултирал со своите советници за можноста да се воведат специјални даночни стапки за „Амазон“, пред се поради негативниот ефект кој оваа компанија го има врз помалите продавници.