Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и српскиот министер за трговија Расим Љајиќ, денеска во Скопје потпишаа Договор согласно кој за брашно од 1,2 и 5 килограми маркичките ќе се лепат во Србија, а за пакувања од 25 и 50 килограми маркичките ќе се лепат во Македонија.
– Ова е почеток на долгорочно решавање на сите проблеми меѓу двете влади во делот на земјоделството и трговијата – изјави Николовски по работниот состанок во Скопје.
Николовски соопшти дека Македонија и Србија ќе формираат комитет за натамошна соработка и за надминување на сите отворени прашања.
Љајиќ изрази очекување дека за еден месец Србија и Македонија на системски начин ќе го решат овој проблем.
– Недвосмислено покажавме политичка подготвеност за отстранување на сите царински бариери – рече Љајиќ и додаде дека целта на двете земји е трговската размена од сегашните 760 милиони евра годинава да достигне милијарда евра, а тоа е можно сако ако се елиминираат пречеките.
Македонскиот Правилник за увоз на брашно, согласно договореното, ќе биде сменет уште денеска