На египетски мумии стари 5.000 години се откриени најстарите тетоважи на светот, пишува археолошкото списание „Џурнал оф Аркиолоџикал Саенс“.
Цртежи на див бик и берберски овци можат да се видат на надлактиците на машка мумија, додека пак, на рамената и надлактиците на женската мумија, има мотиви со буквата „С”.
Ова откритие ги отфрли тезите дека првите тетоважи се направени пред 1.000 или 3.000 години.
– Истетовираните симболи се навистина неверојатни. Животните на машката мумија, особено бикот, веројатно означувале статус, моќ и полна зрелост на човекот – објаснува еден од главните археолози на проектот, Даниел Антоан.
Бикот и берберската овца се често застапени мотиви во древноегипетската уметност, како и буквата „С”, што најмногу се сретнува на керамичките садови.