Прва статуа со ликот на славниот британски музичар Дејвид Боуви откриена е во британскиот град Ејлсбери, каде што тој за првпат го „претстави“ ликот Зики Стардаст.
Боуви за тој лик нашол инспирација во реална личност, британскиот рокенрол пејач Винс Тејлор, кој по нервен слом почнал да верува дека тој е преодно суштество помеѓу вонземјанин и Бог.
Песната се наоѓа на албумот „The rise and fall of Ziggy Stardust and the spiders from Mars“, кој на Дејвид Боуви му донесе голема британска и светска музичка слава.
Бронзената фигура со ликот на Боуви е поставена на плоштад во Ејлсбери и на неа е претставен „опуштен“ Дејвид Боуви и неговото „алтер его“. Творецот на скулптурата е вајарот Андру Синклер, кој користел маска од Боуви за снимањето на филмот „Човекот што падна на Земјата“ за да ја долови подобро неговата личност.