От­кри­ен нов „ор­ган“ што се про­те­га низ це­ло­то тело

1599

На­уч­ни­ци от­кри­ле де­ка во те­ло­то на чо­ве­кот по­стои струк­ту­ра што, всушност, мо­же­би е нај­го­ле­ми­от ор­ган. За вол­ја на вис­ти­ната, не си­те на­уч­ни­ци се уве­ре­ни во тоа.

Истра­жу­ва­чи од Ме­дицин­ски­от цен­тар Лан­гон во Њу­јорк иден­ти­фи­ку­ва­ле нов вид ор­ган, по­точ­но се по­ка­жа­ло де­ка она што се сме­та­ло за гус­то свр­зно тки­во што се про­те­га низ цел ор­га­ни­зам на чо­ве­кот, всушност е мре­жа од ко­мо­ри ис­пол­не­ти со теч­ност, што слу­жат ка­ко еден вид „амор­ти­зери“, од­нос­но ор­ган за уб­ла­жу­ва­ње удари. На­ре­че­ни „ин­тер­сти­циум“, овие пов­рза­ни де­ло­ви се од­не­су­ва­ат ка­ко единстве­но мес­то за про­ток на теч­ност, што се прос­ти­ра од пов­ршин­ски­от слој на ко­жата, пре­ку ди­гес­тив­ни­от тракт, бе­ли­те дро­бо­ви и ури­нар­ни­от сис­тем, до крв­ни­те са­до­ви и фас­ци­ја­та на мус­ку­лите. На­уч­ни­ци­те сме­та­ат де­ка ме­ѓук­ле­точ­на­та теч­ност ја пре­не­су­ва ток­му ин­тер­сти­ци­у­мот, кој би мо­жел да се сме­та за по­се­бен ор­ган. Се сос­тои од цврс­ти (ко­ла­гени) и флек­си­бил­ни (елас­тични) про­те­и­ни на свр­зно ткиво, со ин­тер­сти­цис­ка теч­ност што се дви­жи низ це­ло­то тело. Теч­нос­та од ин­тер­сти­ци­у­мот оди во лим­фни­от сис­тем и се сме­та де­ка е из­вор на лим­фата, што е клуч­на за иму­но­лош­ки­от сис­тем.

Ова от­кри­тие би мо­же­ло да да­де од­го­вор на пра­ша­ње­то зош­то ра­кот се ши­ри поб­р­зо (ме­тас­та­зира) ко­га ќе стиг­не до од­дел­ни де­ло­ви од те­лото.

Да­ли ин­тер­сти­ци­у­мот на­вис­ти­на е нов, по­се­бен ор­ган, ос­та­ну­ва да се од­ре­ди со по­н­та­мош­ни ис­тра­жу­вања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...